-->
-->
ЛШ: ЖРК Вардар го победи Букурешт
-->
Ракометарките на Вардар постигнаа значајна победа против Букурешт во продолжението од Лигата на шампионките. Тешко остварен триумф од 22-21 во финишот од мечот.
Нашите шампионки во првиот дел имаа предност од 11-8 но ја загубија на пауза се замина со израмнет резултат 11-11. Серијата на романките продолжи и во вториот дел и тие поведоа со 13-11. Следуваше израмнување а потоа со серија од 4-0 и водство од 21-19 не дозволувајќи му на противникот да постигне гол цели 10 минути. Во финишот драматично но сепак нервите беа на наша страна и победа од 22-21. Најефикасна во нашиот тим беше Лекиќ со 5 погодоци, додека Лејно имаше 11 одбрани. Со оваа победа Вардар изби на 3. Место во групата со бод помалку од Будуќност и Ѓер. Следниот меч нашите шампионки го играат во подгорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација