Ракомет
13. November 2016 - 17:17

ЛШ - жени: ЖРК Вардар се „прошета“ низ Будимпешта

Убедлива победа со 13 голови разлика (37:24) остварија ракометарките на Вардар попладнево на гостувањето во Унгарија кај ФТЦ. Со оваа победа „црвено-црните“ се зацврстија на првото место во групата Б од Лигата на шампионите.
 
Од самиот почеток македонскиот првак ја презема иницијативата и постојано го зголемуваше водство кое пред крајот на првото полувреме достигна двоцифрени плус 10 и веќе во тој момент беше јасно кој ќе ги освои бодовите.
 
Најефикасни во победничкиот состав беа Андреа Лекиќ со седу5, Тамара Мавсар и Јованка Радичевиќ со по шест и Андреа Пенезиќ и Александра Лакрабер со по четири погодоци.
 
Табела по 5.коло во ЛШ група Б:
 
1.Вардар 9 бода,
2.ФТЦ 7,
3.Астраханочка 2,
4.Лајпциг 2.
 
Во последната рунда од првата групна фаза Вардар гостува во Германија кај Лајпциг.