-->
-->
ЛШ - жени: ЖРК Вардар гостува во Данска
-->
Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар попладнево (17 часот) гостуваат во Данска кај екипата на Митјиланд во рамките на 4.коло од групата Ц од Лигата на шампионите. Пред седум дена во Скопје ЖРК Вардар победи со 33:24, но Митјиланд направи изненадување со победата над унгарски Ѓер на негов терен.
- Се надевам дека ќе успееме да ја повториме агресивната игра од Скопје и на дуелот во Данска. Одбраната е клучот на успехот, со добра одбрана можеме да стигнеме до позитивен резултат. Пад во играта како во Скопје, не смее да ни се случи, дека противникот ќе знае да не казни, изјави пред дуелот тренерот Индира Кастратовиќ.
Инаку досега се одиграа четири натпревари од оваа рунда.
Резултати и табели:
А група: Ларвик – Крим 32:28, Ростов Дон – Баја Маре 27:26.
Табела: Ростов Дон 8 бодови, Ларвик 6, Баја Маре 2, Крим 0.
Б група: ФТЦ – Турингер 32:28, Флери – Подравка играат денеска.
Табела: ФТЦ 7, Турнигер 3, Флери 3, Подравка 1.
Ц група: Митјиланд - ЖРК Вардар и Ѓер – Хипо играат денеска.
Табела: ЖРК Вардар 4, Митјиланд 4, Ѓер 4, Хипо 0.
Д група: Савехоф – Лублин 27:24, Будуќност – Букурешт играат денеска.
Табела: Будуќност 6, Букурешт 4, Савехоф 4, Лублин 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа