Ракомет
16. February 2016 - 10:16

ЛШ - жени: ЖРК Вардар го „напаѓа“ Букурешт

 

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар попладнево гостуваат во Букурешт во дуел од 8.коло од главната фаза од Лигата на шампионите. „Вардарки“ на првиот дуел постигнаа минимална победа (22:21) и доколку останат непоразени ќе имаат големи шанси да го задржат третото место на табелата во групата 2.

ЖРК Вардар има бод повеќе (осум) од денешниот ривал (Букурешт 7), а до крајот на оваа фаза останува да ги одигра двата дуела со Будуќност дома и со Савехоф на гости.
Почетокот на натпреварот Букурешт - ЖРК Вардар е во 18 часот.