Ракомет
9. January 2016 - 11:05

ЛШ - жени: Вардар домаќин на Букурешт

Со четирите натпревари кои се играат денеска старува главната фаза од женската ракометна лига на шампионите, каде настапуваат 12 екипи. Во групата 2 се наоѓа и македонскиот шампион ЖРК Вардар. „Вардарки“ во првиот натпревар од групата денеска со почеток во 17:30 часот играат против романската екипа Букурешт. Од оваа група денеска е дуелот на последните два европски шампиона Ѓер и Будуќност.
Од групата 1 попалднево играат Ростов Дон – ФТЦ и Ларвик – Турингер. 
Утре се играат дуелите: Баја Маре – Флери (група 1) и Митјиланд – Савехоф (група 2).
 
Екипите во оваа фаза ги пренесоа бодовите од меѓусебните дуели со екипите со кои играат во првата фаза. Според тоа табелите во групите го имаат следниот изглед:
 
Табела група 1: Ростов Дон 8 бодови, ФТЦ 7, Ларвик 4, Флери 4, Турингер 1, Баја Маре 0.
Табела група 2: Будуќност 7, Букурешт 5, Ѓер 5, Вардар 4, Митјиланд 3, Савехоф 0.