-->
-->
ЛШ - жени: По еден бод за ЖРК Вардар и ФТЦ
-->
Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра нерешено 27:27 со ФТЦ Будимпешта синоќа во првиот дуел од Лигата на шампионките.
„Вардарки“ на полувреме водеа со три гола разлика, во второто полувреме ги имаа и највисоките плус четири, но дозволија натпреварот да влезе во неизвесен финиш.
За само 10 минути од второто полувреме гостинските успеаја да израмнат на 20:20 навестувајќи неизвесна завршница. Вардар брзо возврати со водство 23:21, но потоа повторно ФТЦ израмни на 24:24, а потоа откако домаќинките не реализираа четири напади, им дозволија на гостинките да поведат со 24:25. Унгарките го одржуваа водството и имаа напад за победа. Вардар се одбрани и во последниот напад по тајм-аутот на тренерот Индира Кастратовиќ ризикуваше со седум ракометарки во поле без голман. Александра Лакрабер наместо да ја почне акцијата со додавање, направи чекори овозможувајќи им на гостинките да упатат удар на празниот гол. За среќа топката удри во стативата па резултатот остана ист, 27:27.
Најефикасни во редовите на „црвено-црните“ беа Андреа Пенезиќ со осум и Лакабер со шест погодоци. Кај ФТЦ Анико Ковачич шест пати се запиша во листата на стрелците.
Во следното коло Вардар е повторно домаќин, во Скопје доаѓа германски Лајпциг на 21 октомври.
фото: www.zrkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски