Ракомет
2. јуни 2019 - 12:18

ЛШ: Второ финале за Вардар, четврто за Веспрем

Најголемиот македонски бренд, и супер амбасадор на македонската држава ракометниот клуб Вардар....вчера во дуелот со Барселона ги разгали срцата на бројните фанови на нашиот трофеен спорт но испрати и порака. Проект како Вардар тешко се достигнува, лесно се  затвора.

Потврда за тоа се ракометните гигнати Барселона и Пари Сен Жермен кои трошат милиони , пари со кои ги купуваат најдобрите светски играчи но не можат да го купат срцето и душата нешто што го има само Вардар понесен од неговата верна армија навивачи.

Токму тој сенс го почувствуваа вчера каталонците во полуфиналето во Келн. Имаа на дофат финале по првиот дел , предност од 7 голови но потоа потонаа во Вардаровиот котел кој беше немилосрден и против еден таков гигант македонскиот првак во вториот дел обезбеди победа од дури 9 голови разлика. Подвиг кој долго ќе се памети и прераскажува во спортските кругови.

Сега на ред е финалето со унгарскиот Веспрем, екипа која игра четврто финале но за разлика од Вардар нема трофеј во елитното натпреварување. Ќе биде тоа дуел на екипи кои добро се познаваат,  на едната страна Штербик и Манасков против довчерашните клупски  и репрезентативник колеги. Но сепак дуелот кој го привлекува најголемото внимание ќе биде помеѓу  Роберто Парондо и Давид Дејвис, тренери кои се афирмираа во Вардар, некогашни соиграчи во Сиудад Реал и шпанската репрезентација.

                Нека гори  Келн за Вардаровата втора титула. Ќе биде бучно и во Скопје на плоштадот Македонија каде скопјани ќе можат да го следат големото финале од Лигата на шампионите. Веспрем против Вардар, убаво звучи нели....