ЛШ: Во Барселона заврши серијата на Вардар
По 15 натпревари на Вардар без пораз во лигата на шампионите Европскиот првак забуги на гостувањето во Барселона по што заврши серијата на непобедивост. Шпанскиот тим победи со 29-28, но и покрај тоа „црвено-црните" остануваат на првото место на табелата во А групата во лигата на шампионите.
Нашиот шампион во последните 10 минути загуби две топки за успешни контри на Виран и тука го загуби натпреварот иако до крајот се бореше за нерешен резултат. Триумфот или бод можеше да донесе уште помирна завршница и побрза заверка на првото место и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ. И сега сѐ е во наши раце, ние сме прво место имаме предност од еден бод во однос на Нант, и уште три натпревари за играње.
До крајот на натпреварите од групната фаза Вардар игра дома со ПИК Сегед, потоа гостува кај Нант и на крајот е домаќин на Висла Плоцк. Секој натпревар е важен, и секој бод ни носи поголема шанса за директно четврт-финале.
Во второто полувреме му дозволивме на шпанскиот тим лесно да ги казнува нашите грешки, па и кога ја губевме топката од контра реализираа. Ние потешко се снаоѓавме на нивната позициона одбрана, која на моменти беше и поагресивна од нормалното. Разликата од 3-4 гола во корист на домашните во самата завршница се стопи, но веќе немаше време за целосен пресврт.
Ова беше 14. натпревар на Вардар и Барселона во ЛШ, и продолжува традицијата тимот од Шпанија на домашен терен да победува.
Го имавме и Арпад Штербик на голот со 14 интервенции, но противничкиот голман Перез де Варгас имаше три помалку, но повеќе во клучните моменти.
Барселона - Вардар 29-28 (15-14)
Штербик, Милиќ, Криштопанс 7, Циндриќ 5, Борозан 4, Дибиров 3, Шишкарев 3, Карачиќ 2, Кањељас 1, Мораеш 1, Македа 1, Стоилов 1, Абутовиќ, Чупиќ, Марсениќ, Војводиќ
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина