Ракомет
5. December 2015 - 19:42

ЛШ: Вардар убедлив против Колдинг

Ракометарите на Вардар ја остварија шестата победа во групата од Лигата на шампионите откако го совладаа Колдинг со 34:24 (18:8).

Вардарци во текот на првите 30 минути имаа две серии од 5:0 што беше доволно за водство од десет голови на полувремето, а таа разлика беше и на крајот на дуелот.
Вардар највисокото водство го имаше во 48.минута 28:15 (+13).
Најдобар на натпреварот беше Арпад Штербик со 14 одбрани за околу 40-тина минути.
Дибиров, Брумен, Циндриќ и Тоскиќ постигнаа по 4 голови.
Вардар по 10 натпревари има 12 бода и се наоѓа на делба на 3 и 4.место на табелата.