Loading Video...
Ракомет
22. April 2018 - 19:43

ЛШ: Вардар триумфално се враќа од Германија

Ракометарите на Вардар со драгоцена победа се враќаат од Германија каде го совладаа домашниот Кил со 29-28 во првиот четвртфинален меч од ЛШ. Вардар водеше во поголемиот дел од мечот а првиот дел го доби со 14:12 .
Вардар водеше со 20:19 во 43 минута но му дозволи на Кил да направи  серија од 4:0 и и пресврт од  23:20 во 48 минуташто беше и прво водство за домашниот тим.   До крајот на мечот, германците на чуден начин ја загубија  предност. Најпрвин Дибиров израмни н 28-28 а  Македа со гол во последната секунда донесе триумф на „црвено-црните“.Стоилов и Мораеш со по пет гола беа најефикасни кај Вардар, а Штербик заврши со 11 одбрани.