Ракомет
10. October 2016 - 19:57

ЛШ: Вардар со максимални 3/3, Борко Ристовски во тимот на колото

За разлика од нив ракометарите на Вардар имаат максимални три победи во три кола од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ синоќа го победија Цеље на гости со 32:26 и заедно со европскиот првак Киелце се на делба на првата позиција во групата, а три победи има и Барселона, во чии редови на последниот натпревар против Флензбург на гости одлично бранеше Борко Ристовски и сосема заслужено се избори за место во тимот на колото.