Loading Video...
Ракомет
8. јуни 2018 - 19:06
ЛШ: Вардар сигурен, Металург го чека 18.јуни
Македонскиот ракометен првак Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
ЕХФ денеска го објави списокот на екипите кои аплицирале за најелитното европско натпреварување, пријавени се 32 тима за 28 места.
Меѓу нив е и поранешниот македонски шампион Металург кој ќе мора да ја причека седницата на ИК на ЕХФ на 18. јуни. Реално металурзите имаат одличен рејтинг и би требало да обезбедат ново учество во елитата бидејќи во конкуренција се екипи од Швајцарија, Турција, Израел, Романија и скандинавските земји.
Интересно е дека меѓу клубовите што немаат загарантирано место е и европскиот првак Монпеље кој не успеа да ја освои шампионската титула во Франција.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->