Ракомет
1. April 2018 - 20:58

ЛШ: Вардар против Кил за влез на завршниот турнир

Ракометарите на Кил се поразени во реванш осминафиналниот меч од ЛШ во Сегедин од домашниот Пик со 28-27 но благодарение на победата на свој терен од 29-22 се пласираа во четвртфиналето каде ќе му бидат противник на македонскиот првак Вардар во битката за влез на завршниот фајнал-фор.
Вардар ќе гостува кај Германците на првата средба во терминот од 18-22 април а реваншот е 7 дена подоцна во Скопје.