Ракомет
12. March 2017 - 19:58

ЛШ: Вардар победи за првото место

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево во рамките на 14.коло од групата Б во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа со 32:29 (17:13) Кристијанштад и со тоа го потврдија првото место во групата и пласманот во четвртфиналето.  Ова беше последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите и сега следуваат нок аут дуелите, а „вардарци“ во осминафиналето се слободни.
Инаку денешниот дуел со Кристијанштад беше од важност за гостите, кои доколку останеа непоразени ќе го освоеа шестото место и ќе се пласираа во осминафаинелто. Во текот на вториот дел гостите во неколку наврати се доближија на гол разлика не успеаја да изедначат. Вардар победи и пласман во осминафиналето има хрватскиот првак Загреб. Најефикасен кај Вардар беше Вуко Борозан со 6 голови, а на натпреварот најпрецизен беше Тим Соренсен со 7.
Покрај овој натпревар денеска се одиграат уште два дуела од групата А од 14.коло: ПСЖ – Кил 42:24 и Силкеборг – Кадетен Шафхаузен 37:32.
На досега одиграните дуели од оваа рунда: Барселона – Висла 36:28, Веспрем – Флензбург 34:28 (А група), Рајн Некар Ловен – ПИК Сегед 24:30, Киелце – Мешков Брест 35:27 и Загреб – Цеље 23:21(Б група).
Табела А група: Барселона 25 бодови, ПСЖ 24, Веспрем 18, Флензбург 15, Кил 12, Силкеборг 8, Висла 8, Кадетен Шафхаузен 2.
Табела Б група: Вардар 20, Киелце 18, ПИК Сегед 17, Рајн Некар Ловен 17, Мешков Брест 14, Загреб 9, Цеље 9, Кристијанштад 8.
Пласман во осминафиналето обезбедија и француските екипи Нант и Монпеље. Тие во бараж дуелите беа подобри од Мотор односно Ла Риоха. Нант – Ла Риоха 68:56 (вкупен резултат) и Монпеље – Мотор 65:63 (вкупен резултат).