Ракомет
25. February 2018 - 19:35

ЛШ: Вардар ќе бара четвртфинале во Скопје

Европскиот првак загуби со 27-26 од домашниот тим на Нант откако прикажа бледо издание во нападот. Домашните тоа го искористија и во еден момент имаа предност од 8 гола. Сепак Вардар со серија од 6-1 успеа да направи притисок во финишот кога се доближи на два гола но немаше сили барем да го избегне поразот. Дибиров со 6 погодоци беше најефикасен во Вардар. Пласманот во четвртфиналето ќе мора да го бараме против Висла Плок во Скопје
Ракометарките на Вардар го доживеаја првиот пораз сезонава во лигата на шампионките  откако загубија со 24-22 во неосвоивата Мец Арена.
Мечот беше рамноправен во поголемиот дел а црвено-црните амазонки во вториот дел имаа и водство од 16-15 со погодокот на Пенезиќ но дозволија домаќинот да направи пресврт и да влезе во финишот со водство од 2 гола 22-20 кое се покажа како  решавачко за победникот.