Ракомет
9. November 2019 - 19:44

ЛШ: Вардар испушти победа против Кјелце

Европскиот првак Вардар одигра 28-28 попладнево во дербито од Лигата на шампионите против Кјелце. 

Мечот мина во драматична завршница во која двете екипи можеа да победат но завршниот удар во последните 15 секунди го имаше Скубе кој не успеа да го реши мечот. 
Средбата на стартот мина во знакот на црвено-црните кои имаа водство од 5 гола разлика но дозволија противникот да ги казни бројните грешки и на крајот од првиот дел да дојде до минус еден гол. 
Кјелце беше подобрата екипа на стартот од вториот дел и успеа да дојде и до предност од 2-3 гола која сепак не го поколеба упорниот Вардар пред се откако на голот се разигра Гедбан кој имаше серија од 10 одбрани што му донесе на крајот бод на нашиот тим. 
Скубе со 7 погодоци и Чупиќ со 6 беа најефикасните во редовите на Вардар.