Loading Video...
Ракомет
15. September 2018 - 19:45

ЛШ: Вардар го совлада европскиот првак Монпеље

Македонскиот шампион Вардар  одлично ја започна новата сезона во ракометната лига на шампиони. Совладан Европскиот првак Монпеље на гостински терен со 27-24

Црвено – црните солидно го отворија мечот и во еден момент  имаа два голови предност. Но до крајот на првиот дел се играше израмнето кога Вардар оствари минимална предност за одмор од 12-11.

          Во вториот дел  нашиот претставник играше добро и со головите на Борозан и Дибиров се одлепи на 14-11.  Следуваше слаб период по кој Монпеље направи пресврт 19-18 но тука застана што Вардар го искористи за нова убедлива предност која му донесе победа од 27-24.  Голманот Милосављев беше јунак на мечот со 16 интервенции додека најефикасен беше Борозан со 8 погодоци.