Ракомет
27. September 2015 - 19:18

ЛШ: Вардар го победи и Пик Сегед

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа и втората победа во лигата на шампионите откако вечерва славеше со 27-23 против унгарскиот Пик Сегед. 
 
По неубедливото прво полувреме во кое Вардар имаше слаба реализација и во еден период дури 10 минути не постигна гол , црвено црните одиграа одлично второ полувреме и со серија од 7-1 навестија дека со право се фаворит на овој меч. 
Во продолжението избраниците на Гонзалез  успешно ја одржуваа предноста и  заслужено прославија победа. Карачиќ постигна пет гола, Дибиров и Душебаев по четири, а Штербик имаше 12 одбрани.