Ракомет
25. September 2016 - 9:17

ЛШ: Талески донесе победа за Металург

Македонскиот репрезентативец Филип Талевски е најзаслужниот за победата на Металург во премиерниот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. 
 
На дуелот кој се одигра синоќа во „ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“, а е во рамките од Ц групата тимот на Металург забележа победа со 18:17 полувреме 8:7, а Талевски беше стрелец на дури 13 голови, вклучувајќи го и победничкиот на три секунди до крајот на дуелот.
 
Во оваа група екипите Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа нерешено 28:28, а денеска својот прв меч во новата сезона ќе го играат Монпелје и Татран Прешов. 
 
Попладнево и македонскиот шампион Вардар ќе ја има премиерата во новата сезона. Црвено-црните гостуваат во Шведска кај Кристијанштад во натпревар од Б групата во која Киелце како гостин го совлада Мешков Брест со 29:24, а Цеље беше подобар од Загреб со 30:28,  додека попладнево својот натпревар ќе го одиграат ПИК Сегед и Ранј Некар.