Фудбал
6. April 2016 - 8:04

ЛШ: Суарез го реши Атлетико, Видал - Бенфика

Екипите на Барселона и на Баерн постигнаа минимални победи на првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. И двата тима ја искористија предоста на домашен терен.

На дуелот на „Камп Ноу“ Атлетико Мадрид поведе во 25.минута со голот на Фернандо Торес. Но истиот фудбалер за само десет минути доби два жолти картона и беше исклучен во 35.минута. Предноста од играч повеќе Барселона ја искористи во вториот дел со двата гола на Луис Суарез во 63.минута и 74.минута.

На натпреварот на „Алијанц Арена“ Баерн ја совлада Бенфика со 1:0 со голот на Артуро Видал во 2.минута.

Реванш дуелите ќе се играат на 13.април.

Вечерва на програмата се другите два четвртфинални дуели: ПСЖ – Манчестер Сити и Волфсбург – Реал Мадрид.