Ракомет
22. November 2015 - 12:56

ЛШ: Стоилов и Абутовиќ во составот на Вардар против Барселона

Дуелот на ракометните екипи на Вардар и Барселона попладнево привлекува најголемо внимание на спортската јавност, а познати се составите на двата тима за дуелот што се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:45 часот.

Во тимот на Вардар во составот се враќа Столе Стоилов, додека во составот се најде и повредениот Илија Абутовиќ. Во изборот на голманите Ангелов остана „надвор“ од составот, додека Блаженко Лацковиќ го нема од претходниот дуел од саботата.
Во тимот на Барселона на местото на Душебаев е новото засилување Карлос Руесга.
Состави:
Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов, Брумен, Тоскиќ, Манасков, Македа, Карачиќ, Абутовиќ, Филип Лазаров, Душебаев, Циндриќ, Дибиров, Горбок, Шишкарев и Марсениќ.
Барселона: Перез, Оландер, Недесбо, Томас, Ентрериор, Копљар, Сораиндо, Арињо, Гурбиндо, Сигурдсон, Сипрзак, Морос, Русега, Жалуз, Јиха и Кирил Лазаров.
Натпреварот ќе го судат данските судии: Гједлинг - Хансен.