Ракомет
18. November 2017 - 19:41

ЛШ: Сигурна победа на европскиот првак

Европскиот првак убедливо го совлада Рајн Некар со 30-26 во игра во која доминираше во текот на целиот меч, а се беше јасно во 31м.  Кога домаќинот водеше со  15-8 односно 7 голови разлика. 
Црвено –црните доминираа и во второто полувреме и не му дозволија на противникот да го загрози нивното водство во ниту еден момент. Вуко Борозан беше најефикасниот во нашиот тим со 7 погодоци. 
Со оваа победа Вардар се зацврсти на првото место во А-групата  и е на вистински пат да се пласира директно во четвртфиналето во ЛШ.  Веќе следниот меч повторно со Рајн Некар во Германија треба да го потврди овој пласман на Вардар.