Ракомет
23. November 2015 - 11:21

ЛШ: Штербик по третпат во тимот на колото

Голманот на Вардар Арпад Штербик по добриот настап и 13 одбрани против Барселона, се најде во идеалниот состав на 8.коло од Лига на шампиони во изборот на ЕХФ. Тој претходно беше избран и во 1.коло и во 6.коло.
 
Тим на осмата рунда од елитното ракометно натпреварување:
 
голман: Арпад Штербик (Вардар),
лево крило: Мануел Линигер (Шафхаузен),
лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ),
среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед),
десен бек: Лука Шебетиќ (Загреб),
десно крило: Виктор Томас (Барселона),
пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).
 
Од оваа рунда во категоријата најубави голови ЕХФ за трет најубев го прогласи еден од головите на левото крило на Вардар, Тимур Дибиров.