Фудбал
15. August 2018 - 17:35

ЛШ: Салцбург ја елиминира Шкендија

Фудбалерите на Шкендија ги завршија натпреварите во Лигата на шампионите но остануваат со убава шанса да продолжат во Лига Европа каде за место најверојатно ќе се борат против норвешкиот  Розенборг кој има предност од 2-0 пред реваншот со Корк  Сити.

            Салцбург и во Скопје потврди дека има силен тим и не дозволи да биде поразен во дуелот со македонскиот шампион кој  имаше неколку шанси да постигне гол но Ибраими, Алими и Емини  немаа среќа.   Австријците во финишот од мечот искористија една грешка и преку Минимино го добија мечот со 1-0.  Првиот стратег на тетовчани Ќатип Османи призна дека е тешко да се игра против екипа која има огромна предност од првата средба:

            „„Резултатот од првиот натпревар го направи своето. Ние на моменти игравме добро, имавме притисок да дадеме брз гол. Создадовме неколку добри шанси. На крајот од мечот треба да бидеме задоволни од игрите. Сега не очекува меч во плеј-офот за Лигата на Европа, мислам дека ако се покажеме во вакво светло рамноправно ќе се бориме за пласман во групите“, изјави Османи.

          Екипата на Салцбург со пласманот во баражот за влез во Лигата на шампионите веќе инкасира 6 милиони евра а доколку ја елиминира Црвена Звезда ќе заработи додатни 15 милиони затоа првиот стратег на Австријците Росе не го криеше задоволството од успехот.

          „„Се радувам за победата и пласманот во плеј-офот. Заслужено одиме понатаум, успеавме да ја оствариме нашата цел. Денешниот меч беше тежок, Шкендија морам да ја пофалам. И посакувам се најдобро во Лигата на Европа. Во целина Шкендија е многу добар тим, а ако треба да издвојам некого тоа е Ибраими. Тој е над сите“, изјави Росе.

          За Шкендија останува утешната награда а таа изнесува 5 милиони евра доколку  тетовчани се пласираат во Лига Европа каде ќе играат со победникот од мечот Розенборг-К.Сити кој се игра утре а Норвежаните имаат предност од 2-0 од првиот меч.