Фудбал
8. December 2015 - 17:57

ЛШ: Руни се „начукал“ и затоа нема да игра во Волфсбург?!

Според неофицијални информации напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни нема да истрча вечерва во Волфсбург на клучниот меч за неговата екипа во Лигата на шампионите поради тоа што во кампот му е пронајден алкохол во крвта а не како што претходно беше објавено дека ќе отсуствува поради повреда???

На Јунајтед му треба победа во Волфсбург за да обезбеди сигурен пласман во следната фаза од ЛШ додека на Волфсбург му е доволен и бод  а доколку ПСВ не победи против ЦСКА тогаш минува и со пораз. 
Доколку Англичаните го загубат дуелот во Волфсбург тогаш на ПСВ му е доволен бод за пласман во следната рунда. На победа ќе игра и ЦСКА со што би обезбедила пласман во следната фаза од Лига Европа.