Ракомет
9. March 2017 - 12:18

ЛШ: РНЛ изгуби, Вардар четвртфиналист

Екипата на Рајн Некар Ловен синоќа го загуби натпреварот од 14.то последно коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите од ПИК Сегед со 30:24 на домашен терен. По овој резултат македонскиот првак Вардар е прв на табелата и е сигурен четвртфиналист.
Унгарскиот тим ПИК Сегед заслужено дојде до два бода и се искачи на второто место на табелата со ист број бодови како и РНЛ.
Најдобар стрелец на дуелот беше Јонас Калман од ПИК Сегед со 7 голови.
На вториот натпревар одигран вчера, кој е заостанат дуел од А групата Флензбург го победи Кадетен Шахфаузен со 31:26. Вечерва играат Загреб и Цеље.
 
Двојки А група 14.коло: Веспрем – Флензбург, Барселона – Висла (сабота), Силкеборг – Кадетен Шахфаузен, ПСЖ – Кил (недела).
Табела: Барселона 23 бода, ПСЖ 22, Веспрем 16, Флензбург 15, Кил 11, Висла 8, Силкеборг 6, Кадетен Шахфаузен 2.
Двојки Б група 14.коло: РНЛ – ПИК Сегед 24:30, Загреб – Цеље играат вечерва, Киелце – Мешков Брест (сабота), Вардар – Кристијанштад (недела).
Табела: Вардар 18, ПИК Сегед 17, РНЛ 17, Киелце 16, Мешков Брест 14, Цеље 9, Кристијанштад 8, Загреб 7.