Фудбал
26. September 2017 - 11:07

ЛШ: Реал во Дортмунд,Ливерпул во Москва

Вечерва на осум стадиони во Европа ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите, во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито ќе се игра во Дортмунд каде што ќе гостува европскиот првак Реал.
 
Борусија и Реал често се среќаваа во изминатите сезони, а Дортмуд не е место на кое „Кралскиот клуб“ сака да гостува. Имено, на последните шест гостувања во Дортмунд, Реал не успеал да победи (три порази и три нерешени).
 
Двата тима беа во иста група и минатата сезона, кога дуелите во Дортмунд и Мадрид завршија 2:2, а Борусија го освои првото место во групата.