Loading Video...
Ракомет
2. May 2018 - 16:55

ЛШ: Ракометарите на Вардар ќе се борат за финале со Монпеље

Ракометарите на Вардар за влез во финалето од Лигата на шампионите ќе се борат против францускиот Монпеље. Во второто полуфинале ќе играат Нант и ПСЖ.

Монпеље на завршниот турнир во Келн ќе настапи како дебитант  иако има европска титула по стариот формат од 2003 година.

Французите до Ф4 стигнаа од послабата група , играа и осминафинале.

„Сега треба добро да се анализира Монпелје. Јас ги гледав нивните натпревари сезонава, но само како обичен гледач. Следува анализа на тоа што го играат. Имаат различна екипа од порано, играат со многу самодоверба и бидејќи ова е голем успех за нив сигурно ќе бидат мотивирани. Ние се спремаме како и за секој противник. Има време за се, несакам ништо да прогнозирам ниту да анализирам сега. Го знаеме противникот и сега ќе се фокусираме на тоа, вели Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

По ждрепката, беа вклучени играчи од сите екипи учесници на Ф4 турнирот. Од Скопје преку скајп линија се јави Стојанче Стоилов, кој веднаш малку се пошегува.

„Имав некое чудно чувство дека ќе добиеме француски тим, не знам зошто. Лани бевме утсајдери, но сега го браниме трофејот и ситуацијата е малку поинаква. Имаме привилегија и мораме да го браниме трофејот. Искрено пред ждрепката немав посебна желба, сите кои се тука имаат 25 отсто шанси да триумфираат на крајот. Реално сите тимови имаат шанса за трофејот, вели Стоилов.

Полуфиналните средби се играа на 26 мај, а победниците ќе играа за трофејот на 27.

Вардар дуелот со Монпеље ќе го одигра во терминот од 18ч. Во првиот термин 15.15ч

ќе играат Нант на Кире Лазаров и ПСЖ.