Ракомет
16. March 2016 - 8:41

ЛШ ракомет: Вардар гостува кај Висла во меч од 1/8 финалето

Ракометарите на  Вардар попладнево го играат првиот натпревар притив Висла Плок во рамките од 1/8 финалето на Лигата на шампионите.
 
Како и минатата година така и сега овие два тима се среќаваат во истата фаза од елитното натпреварување, осминафиналето.
 
Лани македонскиот првак излезе како победник во двомечот со Висла, откако првиот меш во Плок црвено-црните го загубија со 6 гола разлика, на  реваншот во Скопје, Вардар славеше триумф со 11 гола разлика и се пласира во четврфиналето.
 
Денешниот натпревар меѓу Висла и Вардар ќе започне од 18 часот и 30 минути и е првиот од осминафиналната рунда 
 
Останатите ќе се играта викендов а двојките се: 

 сабота 
17:00 Мешков Брест - Киелце
17:00 Моторот Запорожје - Веспрем
17:30 Монпелје – Фленсбург 
20:00 ППД Загреб - Рајн Некар Ловен.
 недела 
18:30 ПИК Сегед – Кил 

Реванш натпреварите се на 23, 26 и 27 март.