-->
-->
ЛШ: ПСЖ во друштво на Вардар и Барселона во Келн
-->
Ракометарите на ПСЖ се третата екипа што избори пласман на Ф4 турнирот во Келн откако синоќа во реваншот на домашен терен одиграа нерешено со ПИК Сегед 30:30 и само балгодарение на победата на првиот дуел од 30:27 се пласираа за Келн.
Гостите од Унгарија беа на чекор до изненадување и во 40.минута водеа со 25:21 резултат што им носеше пласман во полуфиналето, но во продолжението на дуелот не постигнаа гол 13 минути, а ПСЖ тоа го казни.
Најефикасни кај ПСЖ беа: Хансен и Никола Карабатиќ со по 6 голови, додека Балог за ПИК Сегед постигна 8.
Претходно пласман во полуфиналето изборија Вардар и Барселона со елиминацијата на германските екипи Флензбург односно Кил.
Вечерва се игра последното реванш четвртфинале од Лигата на шампионите меѓу Монпеље и Веспрем, а на првиот дуел победи Веспрем со 26:23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада