Ракомет
28. April 2019 - 19:18

ЛШ: ПСЖ пред елиминација- Вардар, Веспрем и Барса пред промоција на Ф-4

Во ракометната лига на шампиони заврши првиот круг од четвртфиналните дуели.  Најголемото разочарување на своите фанови им го приредија ракометарите на Пари Сен Жермен кој загуби со дури 10 голови разлика во Полска.

                 Еден од главните фаворити за титулата оваа сезона Пари Сен  Жермен  одигра катастрофален меч  на гости кај Кјелце каде беше поразен убедливо со 34-24 што му остава малку простор за пласман на завршниот Ф-4.

                Ѕвездената екипа на Раул Гонзалез одигра катастрофален меч  и дозволи противникот предводен од поранешните вардарови ѕвезди  Лука Циндриќ и Душебаев да направи огромна предност пред реваншот на 5-ти мај.  По мечот  Гонзалез изјави дека е тешко да се надополни ваква разлика во реваншот против екипа која игра одлична одбрана.

                Огромна предност оствари и македонскиот шампион Вардар кој на реваншот кај ПИК Сегед патува со 8 голови предност а подготовките за завршниот турнир може да ги започне  Веспрем кој пред својата публика во реваншот  го пречекува Фленсбург  со предност од 6 погодоци.

                Најнеизвесно  може  да биде во пресметката помеѓу Нант на нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров и Барселона која пред својата публика оствари солидна предност од 7 погодоци.  Ако не се случи некој подвиг  Келн може да ги очекува Веспрем, Вардар, Кјелце и Барселона на завршниот турнир