Ракомет
1. May 2016 - 18:48

ЛШ: ПСЖ го потврди пласманот во Келн

Ракометарите на ПСЖ по денешниов реванш четвртфинален дуел со Загреб што заврши со резултат 32:32, ја комплетираше „четворката“ екипи кои оваа година ќе играат на „фајнл фор“ турнирот во Келн за европската шампионска титула. Претходно пласман во полуфиналето обезбедија: Киелце, Веспрем и Кил.
ПСЖ по убедливата победа на првиот дуел во Загреб од 28:20, попладнево си дозволи мало опуштање и во вкупниот резултат триумфираше со 60:52. Најефикасен на дуелот беше играчот на Загреб Златко Хорват со 8 голови.
 
Резултати на четвртфиналните дуели:
ПСЖ – Загреб   32:32 (28:20 прв натпревар)
Веспрем – Вардар 30:30 (29:26)
Барселона – Кил 33:30 (24:29)
Киелце – Флензбург 29:28 (28:28).
 
Завршниот турнир се игра во Келн на 28 и 29.мај.