Фудбал
16. February 2016 - 10:11

ЛШ: Први осминафинални дуели

По двомесечна пауза вечер продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите на УЕФА. На програмата се првите два натпревара од нок-аут рундата, ПСЖ - Челзи и Бенфика - Зенит.
 
ПСЖ и Челзи, веќе трета сезона, се среќаваат во елиминациона фаза од елитното натпреварување. Пред две сезони Челзи беше поуспешен, додека минатата сезона, францускиот шампион продолжи понатаму.
 
Според игрите и пласманот во националните шампионати ПСЖ е фаворит на овој двомеч, иако со доаѓањето на Гус Хидинк сините од Лондон се наоѓаат во нешто подобра форма од претходно.
 
Се очекува интересно да биде и во Лисабон каде Бенфика игра со Зенит, тим кој заедно со Баерн Минхен и Реал Мадрид имаше пет победи на шесте дуели во групната фаза.
 
Двата натпревара почнуваат во 20 часот и 45 минути.
 
За утре се закажани средбите Гент – Волфсбург и Рома – Реал Мадрид. 
 
Другите двојки за осминафиналето се: Арсенал – Барселона, Јувентус – Баерн Минхен (23 февруари), ПСВ – Атлетико Мадрид и Динамо Киев – Манчестер Сити (24 февруари).