Ракомет
25. February 2018 - 17:58

ЛШ: Прв пораз на ЖРК Вардар

Ракометарките на Вардар го доживеаја првиот пораз сезонава во лигата на шампионките  откако загубија со 24-22 во неосвоивата Мец Арена.

Мечот беше рамноправен во поголемиот дел а црвено-црните амазонки во вториот дел имаа и водство од 16-15 со погодокот на Пенезиќ но дозволија домаќинот да направи пресврт и да влезе во финишот со водство од 2 гола 22-20 кое се покажа како  решавачко за победникот.