Фудбал
28. July 2016 - 10:18

ЛШ: Олимпијакос без предност по првата рунда

Олимпијакос не успеа да стекне предност против Хапоел Бер Шива, во првиот меч од третото коло во Лигата на шампионите. Грчкиот и израелскиот првак во Атина одиграа без голови. Во дербито на оваа фаза Фенербахче славеше против Монако 2-1.
 
Олимпијакос доминираше против израелскиот првак, но ниту една од многуте шанси не успеа да реализира. Блескаше на голот на Хапоел голманот Давид Гореш.
 
Фенербахче во дербито го победи Монако со 2-1, двата гола ги постигна Еменике, додека за Монако погоди Радамел Фалкао.
 
Астана и Селтик одиграа 1-1. Логвиненго беше стрелец за Астана, а израмни Грифитс на 12 минути до крајот на мечот. Со идентични 1-1 заврши и мечот во Романија помеѓу Астра и Копенхаген.
 
Розенборг славеше над АПОЕЛ 2-1. Норвежаните имаа два гола предност до која стигнаа со головите на Гвткјер и Скјелвик, но Кипраните изборија поволен резултат со голот на Ефрем.
 
Легија Варшава забележа значајна победа во Словачка против екипата на Тренчин. Варшава победи со 1-0, а единствениот гол го постигна Србинот кој има унгарски пасош Николиќ.