Фудбал
13. September 2017 - 13:48

ЛШ: Не го сакаат сите Мбапе

Селтик се соочува со жестока казна од УЕФА поради инцидентот што го предизвика еден навивач на натпреварот со ПСЖ, одигран во вторникот во Лигата на шампионите.
 
ПСЖ се прошета низ Глазгов, го декласира Селтик со 5:0, но мечот мина во знак на инцидентот кога еден навивач на шкотскиот клуб се обиде физички да се пресмета со Килијан Мбапе.
 
Пред крајот на првото полувреме навивачот успеа да мине крај обезбедувањето, но не успеа во намерата да го удри најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот.

„Разочарувачки и срамно е ова што се случи. Вакви работи не треба да се случуваат на фудбалските стадиони. Не сакаме ова да се повтори“, рекол по мечот менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Инаку, Килијан Мбапе го постигна вториот гол за ПСЖ.

 
Редарите потоа реагираа експресно и го отстранија од теренот и од стадионот.
https://