Loading Video...
Фудбал
16. July 2019 - 19:46

ЛШ: Наместо Селтик, во Скопје ќе следиме дуели од Лига Европа

Фудбалерите на Шкендија се елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите откако попладнево  не успеаја да го одбранат резултатот од првата средба во Естонија од 1-0.

Совладани се од Номе Калју со 2-1 со што поради повеќе голови постигнати на гостински терен понатаму на мегдан на шкотскиот гигант Селтик патува естонскиот претставник.

Гостите уште во 6. Минута најавија изненадување кога Уге ги доведе гостите до водство од 1-0.

Агим Ибраими  израмни од пенал во 62м но на истекот на последните моменти од средбата Лилие постигна победоносен погодок за Номе Калју и ја однесе естонската екипа во следната рунда од квалификациите за ЛШ каде ќе игра против Селтик додека Шкендија ја очекуваат натпревари во 1. Коло од Лига Европа.