Ракомет
5. јуни 2017 - 9:13

ЛШ: МВП признанието за Штербик

Голманот на Вардар, Арпад Штербик ја понесе МВП титулата на годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите, благодарение на одличните одбрани во текот на целиот турнир.
 
„Многу сум среќен бидејќи не е сеедно да се дојде на Ф4 со еден силен тим или со една добро сложена екипа како што сме ние. Повеќе имаме младост и храброст, отколку искуство“, рече Штербик.
 
Тој рече дека било напорно бидејќи по полуфиналниот меч, немале доволно време да се одморат.
 
„Им говорев на моите соиграчи дека е потешко да се влезе на Ф4, отколку да се освои“, рече Штербик, при тоа додавајќи дека ги советувал соиграчите да не избрзуваат со изјави и да дозволат на противниците да не ги сфаќаат сериозно.
 
„Им честитам на сите. Сите игравме и сите дадоа сè од себе“, рече Штербик.