-->
-->
ЛШ: Металург пресилен за Татран Прешов
-->
Ракометарите на Металург ја остварија четвртата победа во групата од Лигата на шампионите (две по ред) откако попладнево го победија Татран Прешов со 26:20. Со овој триумф Металург се искачи на третото место на табелата во групата Ц.
Почетокот на дуелот не почна најдобро за македонскиот вицепрвак. Се повреди репрезентативецот Филип Кузмановски (има скршеница на рака), а противникот водеше со 3:0. Сепак избраниците на тренерот Лино Червар дојдоа до пресврт и на полувреме водеа со 11:10. Во вториот дел покрај Филип Талески се разигра и Немања Обрадовиќ и Металург стигна конечните 26:20.
Талески со 10 голови беше најефикасен, а по 5 постигнаа Обрадовиќ и Александар Гуглета. Голманот Дарко Арсиќ имаше 16 одбрани.
Во следното коло Металург гостува кај Ла Риоха.
Двојки од 8.коло и табели:
А група: Флензбург – Кил 25:26, Кадетен Шафхаузен – Висла 27:25. ПСЖ – Веспрем 28:24 и Барселона – Силкеборг 34:19.
Табела: ПСЖ 14 бодови, Барселона 14, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 2.
Б група: Вардар – Рајн Некар Ловен 26:29, Пик Сегед – Кристијанштад 33:28. Килеце – ППД Загреб 29:25 и Цеље – Мешков Брест 36:36.
Табела: Вардар 12, Киелце 12, ПИК Сегед 11, РНЛ 11, Мешков Брест 8, Цеље 5, Кристијанштад 3, Загреб 2.
Ц група: Чеховски Медведи – Елверум 26:31, Монпеље – Ла Риоха 37:27. Металург – Татран Прешов 26:20.
Табела: Монпеље 12, Ла Риоха 9, Металург 8,Елверум 7, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6.
Д група: Мотор – Динамо Букурешт 35:27. Холстебро – Брага 34:29 и Бешикташ – Нант 28:33.
Табела: Нант 13, Мотор 11, Бешикташ 9, Динамо (Б) 6, Холстебро 5, Брага 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари