Ракомет
16. September 2017 - 11:59

ЛШ: Металург на гости кај „стариот познаник“

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладнево го игра првиот натпревар од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар гостуваа кај француската екипа Монпеље. Овие два тима и во ланското натпреварување беа во иста група, а Монпеље постигна две победи (28:18 на домашен терен). 
Металург и во оваа сезона ќе настапи со неколку нови и пред се млади ракометари, но целта останува иста што е можно освојување на повеќе бодови. 
Натпреварот се игра од 17:30 часот.
Двојки и резултати:
А група: Кристијанштад - ППД Загреб (сабота), Висла - Вардар, Нант - ПИК Сегед и Рајн Некар Ловен - Барселона (недела).
Б група: Мешков Брест - Киелце, Цеље - Веспрем, Флензбург - Алборг (сабота) и Кил - ПСЖ (недела).
Ц група: Скјерн - Динамо Букурешт и Горење - Адемар (недела). Кадетен Шафхаузен - Елверум 36:30.
Д група: Монпеље - Металург (сабота) и Бешикташ - Спортинг (недела). Мотор - Чеховски Медведи 36:23.