Фудбал
27. July 2017 - 9:03

ЛШ - квалификации: Одиграни првите дуели од третото коло

Финалистот во Лига Европа холандски Ајакс синоќа одигра нерешено 1:1 на гостувањето против Ница во еден од најинтересните дуели од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Францускиот тим Ница поведе со голот на Марио Балотели во 32.минута, а Ајакс изедначи во 49.минута преку Дани Ван де Бек.
 
Резултати:
Астана - Легија 3:1,
Динамо Киев - Јанг Бојс 3:1,
Салцбург - Риека 1:1,
Хапоел Бер Шева - Лудогорец 2:0,
Виторул - Апоел 1:0,
Марибор - Хафнарфјордур 1:0,
Селтик - Розенборг 0:0,
Ница - Ајакс 1:1 и
Бриж - Башакшехир 3:3.
 
На дуелите одиграни во вторникот:
Карабах - Тираспол 0:0,
Славија Прага - БАТЕ Борисов 1:0,
Вардар - Копенхаген 1:0,
АЕК - ЦСКА Москва 0:2,
СБ - Плзен 2:2 и
Партизан - Олимпијакос 1:3.
Реванш дуелите се играат на 1 и ан 2.август.