-->
-->
ЛШ - квалификации: Лудогорец ја „мина“ Ц.Звезда
-->
Шампионите на Бугарија (Лудогорец) и на Хрватска (Динамо Загреб) обезбедија пласман во баражот од Лигата на шампионите откако во постигнаа победи над Црвена Звезда односно Динамо Тбилиси.
Лудогорец ја победи Ц.Звезда како гостин со 4:2 по продолжение откако во регулраниот дел беше 2:2 идентично како и на првиот дуел во Бугарија. Најдобар играч на дуелот беше Вандерсон, кој постигна три голови. Динамо Загреб и реваншот го совлада Динамо Тбилиси со 1:0 и со максимални четири победи обезбеди бараж.
Без бараж остана екипата на Карабах (шампион на Азербејџан) откако одигра 1:1 со Плзен (на првиот дуел беше 0:0). Голот за Карабах го постигна македонскиот интернационалец Муарем Муарем, но беше недоволен за пласман на неговата екипа во следната рунда од Лигата на шампионите.
Резултати на синоќа одиграните реванши од 3.коло од квалификациите:
Црвена Звезда – Лудогорец 2:4 (продолжение) – (4:6 вкупен резултат);
Динамо Тбилиси – Динамо Загреб 0:1 – (0:3);
Карабах – Плзен 1:1 – (1:1);
Апоел – Розенборг 3:0 – (4:2) и
Дундалк – БАТЕ Борисов 3:0 – (3:1).
Вечерва се играат уште 10 реванш натпревари:
Копенхаген – Астра (1:1 прв натпревар);
Стеауа – Спарта Прага (1:1);
Хапоел Бер Шева – Олимпијакос (0:0);
Јанг Бојс – Шахтјор (0:2);
ПАОК – Ајакс (1:1);
Салцбург – Партизани (1:0);
Андерлехт – Ростов (2:2);
Селтик – Астана (1:1);
Легија – Тренчин (1:0);
Монако – Фенербахче (1:2).
Поразените екипи од 3.коло од квалификации од Лигата на шампионите ќе ги продолжат натпреварите во баражот од Лига Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација