Фудбал
14. July 2016 - 8:34

ЛШ - квалификации: Комплетирани првите натпревари од 2.коло

Со одигрувањето на седумте натпревари синоќа беа комплетирани првите натпревари од 2.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Најефикасно беше на дуелот меѓу Олимпија и Тренчин каде беа постигнати седум голови.
 
Резултати на синоќа одиграните дуели:
Розенборг – Норчепинг 3:1,
Жалгирис – Астана 0:0,
Лудогорец – Младост Подгорица 2:0,
Крусадерс – Копенхаген 0:3,
Партизани – Ференцварош 1:1,
Олимпија – Тренчин 3:4 и
Дундалк – Хафнархјордур 1:1. 
 
На натпреварите одиграни во вторникот беа постигнати следниве резултати:
Вардар – Динамо Загреб 1:2,
Зрињски – Легија 1:1,
Динамо Тбилиси – Алашкерт 2:0,
Карабах – Дуделанж 2:0,
Хапоел Бер Шева- Тираспол 3:2,
БАТЕ Борисов – СЈК 2:0,
Линколн – Селтик 1:0,
ТНС – АПОЕЛ 0:0,
Валета – Црвена Звезда 1:2 и
Салцбург – Лиепаја 1:0. 
 
Реванш натпреварите се играат на 19 и 20.јули.
Извлекувањето на двојките за 3.коло од квалификациите ќе се одржи утре во Нион.