Фудбал
12. April 2017 - 8:10

ЛШ: Јувентус надмоќен против Барселона

Фудбалерите на Јувентус забележаа убедлива победа со 3-0 против Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. 
 
До оваа значајна предност италијанскиот првак стигна во дуелот одигран пред своите симпатизери во кој 23-годишниот Аргентинeц, Пауло Дибала постигна два гола (7. и 22.минута), а во листата на стрелците се запиша и Џорџио Киелини (55). 
 
Вториот натпревар кој требаше да се одигра синоќа меѓу Борусија Дортмунд и Монако беше одложен, по експлозијата која се случи во близина на клупскиот автобус на германскиот тим.
 
Натпреварот е презакажан за денеска со почеток од 18 часот и 45 минути.
 
Два часа подоцна (20:45), ќе започнат преостанатите две четвртфинални пресметки во кои англискиот шампион Лестер гостува кај Атлетико Мадрид, а актуелниот европски шампион Реал во Мадрид ќе игра против Баерн на Алијанц Арена.