Фудбал
26. November 2015 - 8:38

ЛШ: Голема победа на Волфсбург во Москва

Волфсбург стигна на чекор да пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, откако во претпоследното коло во Б групата славеше во Москва над ЦСКА со 2:0.
 
Важните бодови на Волфсбург му ги донесе Андре Шурле, кој како резерва влезе на теренот во 60. минута. Германскиот репрезенативец во 67. минута упати удар кон голот на ЦСКА, голмaнот Акинфеев лошо интервенираше и ја сврти топката во својот гол.
 
Вториот гол беше постигнат во 88. минута, Бентнер нафрли по земја, а Шурле од 11 метри неодбранливо биеше во левиот долен агол .
 
Група Б:
ЦСКА Москва-Волфсбург 0:2
Манчестер Јунајтед-ПСВ Ајндховен
Табела: Волфсбург 9, Ман.Јунајтед 7 (-1), ПСВ 6 (-1), ЦСКА 4.