Loading Video...
Ракомет
29. September 2018 - 19:39

ЛШ: Голема победа на Вардар во Унгарија

Македонскиот ракометен првак Вардар ја оствари и третата победа во Лигата на шампионите откако со 27-25 го совлада во Унгарија домашниот Веспрем , тимот на Штербик и Дејан Манасков.

          Вардар го започна мечот со промашен пенал но во продолжението диктираше темопо и со головите на Борозан и Дибиров стигна до  предност од 5 гола  6-11. Сепак Веспрем бодрен од својата публика успеа до крајот на средбата да анулира дел од предноста и на пауза се замина со резултат 13-11 за македонскиот шампион.

          Во вториот дел се играше израмнето Вардар  имаше предност од 2 гола но дозволи Веспрем со серија од 4 погодоци да поведе со 16-14.  Оваа негатива на црвено-црните траеше се до влегувањето во последните 10 минути кога Вардар  направи пресврт од 23-22

Вардар стигна до +2 преку Мораес, 24-26, а по одбраната на Милосављев, Кристопанс донесе недостижни 24-27. До крајот домашните само намалија на 25-27.

Најдобри стрелци во вардаровиот тим беа Борозан и Дибиров со по пет голови, а голманот Милосављев имаше 11 интервенции, додека кај Вепсрем се истакнаа Гајиќ со четири,Во следното коло Вардар на домашен терен ќе се сретне со Рајн Некар Левен.