Фудбал
12. May 2017 - 13:39

ЛШ: Финалето Јувентус - Реал за Германецот Брих

Германскиот судија Феликс Брих е одреден да го суди финалето од Лигата на шампионите на 3.јуни во Кардиф меѓу Јувентус и Реал Мадрид.

Брих оваа сезона судеше на пет натпревари од Лигата на шампионите (1/8 финале Порто - Јувентус), а го судеше и 1/4 финалето од Лига Европа меѓу Андерлехт и Манчестер Јунајтед
Во 2014 година Брих во Торино го судеше финалето од Лигат Европа меѓу Севиља и Бенфика.