-->
-->
ЛШ: Финале за Кјелце и Веспрем
-->

Ракометарите на Веспрем ќе му се спротивстават на Кјелце во финалето на Лигата на шампионите. Унгарскиот шампион, во второто полуфинале, по дополнилните десет минути го совлада Кил 31-28, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 25-25.
Искуството и поголемиот фонд на квалитетни играчи му овозможи на Веспрем пласман во финалето, каде ќе се бори за првата титула во клупската историја.
Брилијантен меч, незивесен до самиот крај одиграа Веспрем и Кил, ниту една екипа немаше предност поголема од три гола (Кил 5-2, 15-12). Но во двата случаи на предноста на Кил, Веспрем одговараше со серија од 4-0 и 5-0.
Кил, не успеа во регуларниот дел да го реши победникот, имаше германскиот тим водство 25-24 и напад кој не го реализира Дисингер, а во последниот напад Маргуч погоди на шест секунди до крајот за 25-25.
Психолошкиот момент од крајот на мечот, Веспрем го пренесе во продолженијата, каде блесна Слишковиќ со два гола и му овозможи на Веспрем пласман во финалето.
Илиќ со осум и Маргуќ со шест гола го предводеа Веспрем, додека на спортивната страна голманот Ландин имаше 14 одбрани, а Вујин со осум и Дувњак со седум голови ги предводеа стрелците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
