Фудбал
27. July 2016 - 10:10

ЛШ: Фаворитите според планот

Фудбалерите на Динамо Загреб и Шахтјор забележаа сигурни победи како домаќини во првите натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Како гости добар резултат пред реваншите остварија Црвена ѕвезда, Андерлехт, Салцбург, Карабаг, Стеауа и ПАОК.
 
Динамо  Загреб, кој во претходната рунда го елиминира Вардар, во само три минути ја заврши работата против тимот кој го носи истото име но доаѓа од Тбилиси. Судани во 39-та и Ќориќ три минути подцна му обезбедија сигурна победа на Динамо.
 
Идентична победа во дуелот со Јанг Бојс запиша Шахтјор. Триумф на украинскиот првак му обезбедија Фред и Селезњов.
 
Салцбург, во Тирана славше над Партизани со голот на Сориано од пенал во 70-та минута.
 
Црвена ѕвезда, во Бугарија кај Лудогорец, имаше негатива од еден гол, пота направи пресврт за 1-2, но домаќинот успеа да се спаси од пораз.
 
Резултати:
 
БАТЕ Борисов-Дундалк 1:0
 
Лудогорец-Црвена ѕвезда 2:2
 
Спарта Прага-Стеауа 1:1
 
Партизани-Салцбург 0:1
 
Викторија Плзен-Карабаг 0:0
 
Ростов-Андерлехт 2:2
 
Ајакс-ПАОК 1:1
 
Динамо Загреб-Динамо Тбилиси 2:0
 
Шахтјор-Јанг Бојс 2:0
 
среда, 27.јули:
 
Астана-Селтик
 
Розенборг-АПОЕЛ
 
Фенербахче-Монако
 
Тренчин-Легија Варшава
 
Олимпијакос-Хапоел Бер Шива.