-->
-->
ЛШ: Елиминација за Партизан и Лацио
-->
Екипата на Партизан не успеа да се пласира во групната фаза од ЛШ иако во реваншот во Белград го совлада БАТЕ Борисов со 2-1.
Белорусите на свој терен славеа со 1-0 и благодарение на голот на гостински терен патуваат во групната фаза. Партизан ќе игра во Лига Европа.
Манчестер Јунајтед по победата од 3:1 во првиот меч, во реваншот го демолираше Клуб Бриж со 4:0. Блескаше Вејн Руни кој ги постигна првите три гола на мечот, а четвртиот е дело на Андер Ерера.
Баер во Леверкузен лесно се справи со Лацио и по поразот од 1:0 во Рим славеше со 3:0. Чалханоглу, Мехмеди и Белараби беа стрелци за германскиот тим кој трета сезона по ред ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.
ЦСКА со неверојатен пресврт успеа да го елиминира Спортинг Лисабон. Португалците во Москва допатуваа со предност од 2:1 која ја удвостручија во првото полувреме со голот на Тео Гутиерез. Сепак ЦСКА во вториот успеа да ја стигне и престигне предноста на ривалот, два гола постигна Думбија, а третиот е дело на Муса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите